Французинот Карим Бензема е освојувач на „Златната топка“, која се доделува на најдобриот фудбалер на светот, за 2022 година.
Напаѓачот на Реал Мадрид во претходната сезона постигна 44 гола и имаше 15 асистенции на само 46 натпревари и стана петтиот Французин во историјата кој го добил ова признание.