Каролина Пантерс е единствениот состав што не прими поени од досегашните натпревари од единаесеттото коло. Имено, „Пантерите“ ја запишаа својата четврта победа сезонава, триумфирајќи со 20-0 над Детроит Лионс.
Одбраната на Каролина беше фантастична изнудувајќи три изгубени топки на противниците и правејќи дури пет „секови“.
Сепак, во погледот на изгубени топки не блескаше ни квотербекот на победниците, Филип Вокер, кој двапати подаде кон противничките дефанзивци. Сепак, Вокер успеа да освои 258 јарди со додавање и да постигне еден тачдаун со пас кон Куртис Самуел.
Освен Самуел, уште еден тачдаун забележа Мајк Дејвис, а останатите осум поени ги постигна Џеј Слај со два филд-голови и два екстра-поени.
Во соработка со НФЛ Македонија