
Третото коло од Чемпионшип го одбележа дуелот помеѓу Сандерленд и КПР, кој заврши со 2-2.
Во првото полувреме, Сандерленд лесно стекна двојна предност преку Рос Стјуарт (31′) и преку Елис Симс (40′).
Сепак, иако цело време делуваше дека ,,Црните мачки” ќе освојат три бода, гостите од Лондон приредија шок на ,,Стадионот на светлината”.
Во осумдесет и седмата минута, Илијас Шер стрелаше од слободен удар за 2-1, а реми на ,,Ренџерите” им донесе нивниот голман, Сени Диенг (90+3′), со гол во судиското продолжение.
Веќе во следниот напад, домаќините имаа шанса за победа, но Диенг повторно се покажа како херој за својот тим и со помош на пречката ја зачува мрежата.
На табелата, Сандерленд го држи шестото, а КПР – деветтото место.




