
Во третото коло од шкотскиот Премиершип, Абердин запиша пораз на домашен терен од Мадервел со 2-3.
Гостите поведоа преку Блер Спитал (20′), а за домаќините израмни Бојан Миовски (42′) пред крајот на второто полувреме.
За македонскиот интернационалец, ова беше трет овосезонски лигашки погодок на три одиграни средби.
На стартот на вториот дел, Абердин поведе со голот на Џонатан Хејс (47′), а експресен пресврт во корист на гостите, во интервал од три минути, приредија Калум Слатери (52′) и Кевин ван Вин (55′).
На табелата, Мадервел скокна на третото место, спуштајќи го Абердин на седмата позиција.
https://twitter.com/RedRust01/status/1558468073832808448?t=_cPf6KTZgef25ZCsey5i-w&s=19