Еден од најстарите ракометни турнири во светот, Меѓународниот ракометен турнир во Струга, наредната недела од 16 до 20 август ќе го има јубилејното 50. издание.
Своето учество во Струга на јубилејното 50. издание го потврдија осум тимови. На отвореното ракометно игралиште покрај женска плажа “Горан Попоски -Бабец” ќе настапат: Целје, АЕК, Татран, Вардар, Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Бутел и домаќинот Струга.
Во првиот натпревар во вторник 16 август ќе се сретнат домаќинот Струга предводен од клупата од новиот тренер Жарко Ферукоски и Еурофарм Пелистер кој годинава е предводен од данецот Валтер.
Со ова домаќинот Струга најавува силен турнир и вистинско ракометно уживање како што доликува за 50. издание на еден од најстарите ракометни турнири во светот.