
Првиот финалист на Светското првенство во Т20 крикет е репрезентацијата на Пакистан.
Претставниците на Азија, иако го започнаа турнирот со болни порази од Индија и од Зимбабве, изборија плејоф со трите врзани победи во групната фаза.
Во полуфиналето, Пакистанците беа подобри од актуелниот вицешампион, Нов Зеланд, со 152/4 (20) – 153/3 (19.1).
Во првиот ининг, од фрлачите на Пакистан, два викети освои Шахин Шах Африди (2-24), а од Нов Зеланд, најрасположени удирачи беа Дарил Митчел (53*) и капитенот Кејн Вилијамсон (46).
Ситуацијата на теренот се смени во вториот дел, кога за репрезентацијата од Океанија, викети освоија само Трент Булт (2-33) и Митчел Сантнер (1-26).
Од друга страна, победничкиот состав извади само пет напаѓачи, од кои поентираа Шан Масуд (3*), Мохамад Харис (30), Бабар Азам (53) и Мохамад Ризван (57).
Во финалето, Пакистан ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Англија и Индија.