
Во увертирата на третото коло од турската одбојкарска Султанлар лига, Фенербахче ја оправда фаворитската улога.
Избраничките на Зоран Терзиќ, во малото градско дерби на Истанбул, го совладаа Саријер Беледијеспор со убедливи 3-0.
По сетови, резултатот гласеше 25-20, 25-12 и 25-18, со што, номиналните гости останаа без бодови за првпат сезонава.
Кај поразениот состав, единствена со двоцифрен број на поени беше Тајланѓанката Ачарапорн Конгјот, која поентираше 11 пати.
На спротивната страна, најрасположена во офанзивата беше Арина Федоровцева (22 поени), после која следуваше Ана Лазарева со 12 поени.
На табелата, со натпревар повеќе, Фенербахче изби на четвртото, а Саријер падна на петтото место.