Викендов на програмата е 10.коло во машката Супер Лига. Во групата А на програмата се четири натпревари, а најинтересно се очекува да биде во Струга и Охрид.
Стружани во петок од 18 часот ќе го пречекаат тимот на Бутел од Скопје. Вториот дерби дуел се игра во недела во Охрид од 16 часот, каде домашните ќе го пречекаат Алкалоид тимот на селекторот Кире Лазаров.
