Синоќа, кошаркарите на ЛА Лејкерс го забележија вториот последователен триумф над Мајами Хит за поведување на 2-0 во меѓусебната финална серија.
,,Езерџиите” стекнаа рана предност што беше константно двоцифрена во втората, во третата и во четвртата четвртина за конечен резултат од 124-114.
Повторно најзаслужни за победата на претставниците на Лос Анџелес беа ЛеБрон Џејмс (33 поени, 9 скокови и 9 асистенции) и Ентони Дејвис (32 поени, 14 скокови).
Во составот на Мајами, во отсуство на Бам Адебајо и на Горан Драгиќ, најдобар беше Џими Батлер со дабл-дабл учинок од 25 поени и 13 асистенции.