Атланта Брејвс се пласираа во четврт-финалето на МЛБ, откако ги совладаа Синсинати Редс со вкупни 2-0 во меѓусебната осмина-финална серија.
Имено, Атланта го доби првиот меч со 1-0 дури после тринаесет ининзи, а во вториот исто така не прими поен, триумфирајќи со 5-0.
Брејвс постигнаа еден поен во петтиот и четири поени во осмиот ининг за да стигнат до конечниот резултат.
Во осмата деветина, претставниците на Џорџија забележија и два хоум-рани, кои беа дела на Марсел Озуна и на Адам Дувал.
Одличен натпревар за победничкиот состав имаше и фрлачот Ијан Андерсон, кој за шест ининзи, дозволи само два удари и направи девет ,,страјк-аути”.
Во четврт-финалето, Атланта ќе го чека подобриот состав од Чикаго Кабс и Мајами Марлинс.