Спартак Москва и ЦСКА Москва го одиграа последниот вчерашен натпревар во КХЛ, кој изобилуваше со погодоци.
Имено, ЦСКА ја запиша третата победа во низа, односно втора над градскиот ривал, триумфирајќи со 4-5.
За ,,Армејците”, два гола постигна поранешниот хокеар на Вашингтон Капиталс, Брендан Лајпсик, а првиот хет-трик во КХЛ го забележа 23-годишниот Павел Карнаухов.
Од друга страна, четирите погодоци за Спартак беа реализирани од четири различни хокеари – Максим Циплаков, Робин Ханзл, Андреј Кутеикин и Лукаш Радил.
Со оваа победа, ЦСКА се искачи на врвот на Западната конференција, притоа тргнувајќи го денешниот соперник на деветтото место, односно надвор од плејоф зоната.