
Бафало Сабрес ја имаат најдолгата актуелна негативна серија во цела НХЛ со седум последователни порази.
Во синоќешната програма, претставниците на Источниот дел на САД загубија во Канада од Отава Сенаторс со 4-1.
Во првата третина, Остин Вотсон им донесе предност на домаќините, а Тејџ Томпсон израмни за Сабрес на стартот на вториот дел.
До крајот, мрежата на Ерик Комри и на неговата замена, Крег Андерсон, ја затресоа уште Брејди Ткачак, Алекс ДеБринкат и Тим Штуцле.
Во Источната конференција, Бафало падна на тринаесеттото, а Отава го зазема четиринаесеттото место.