Мартинијан Кириловски го објави видеозаписот за својата најнова песна „Крал и слуга“ која ја отпеа на годинешниот Макфест. Спотот е на филмското студио „Aperture Productions“, а во него се појавува моделот Тамара Николовска.

Музиката и аранжманот се дело на Иле Спасев, кој ја снимил песната и ги изработил и миксот и мастерингот, додека текстот е на познатиот Тајзи.