Христијан Малески е единствениот фудбалер од екипата на Струга Трим и Лум повикан од селекторот Драган Канатларовски за да биде дел од У21 Репрезентацијата на Македонија, за двата контролни натпревари против Кипар и Србија.
“Атмосферата е одлична, се работи многу професионално. Можам да кажам дека бев прифатен многу добро од страна на играчите и од стручниот штаб. Работиме во добар интензитет. Јас лично, но и сите мои соиграчи веруваме дека ќе го дадеме максимумот за македонскиот дрес и дека на крај ќе извлечеме еден позитивен резултат “ – изјави Христијан Малески.