Синоќа, Отава Сенаторс ја прекинаа серијата од четири порази, откако славеа над Винипег Џетс со 4-2.
Имено, веќе после осум минути игра, Винипег стекна предност од 0-2, со головите на Кајл Конор и на Николај Елерс.
Во продолжение, со по два погодоци во првата и во третата третина, домаќините успеаја да израмнат, односно да направат целосен пресврт.
Стрелци за клубот од главниот град на Канада беа Брејди Ткачак (х2), Конор Браун и Јевгени Дадонов.
На табелата на Северот, Отава остана на самото дно, додека Винипег сè уште го држи второто место.
📸 André Ringuette/NHLI via Getty Images



