Серијата од четири победи на Сан Франциско Џајантс беше прекината синоќа, по поразот од Синсинати Редс со 0-3.
Имено, сите поени на Синсинати беа постигнати после хоум-рани во третиот и во шестиот ининг.
Најпрво, топката на трибините ја однесе Џеси Винкер, кој зеде два поени бидејќи Такер Барнхарт веќе имаше освоена база.
Освен нив, во листата на поентерите се запиша уште Џои Вото три периоди подоцна.
Од фрлачите на победничкиот состав, Тиџеј Антон направи пет страјк-аути, иако фрлаше неполни четири ининзи.
На табелата на Националната лига, Синсинати (7-3) го држи третото, а Сан Франциско (6-4) – шестото место.
📸 Lachlan Cunningham/Getty Images