Синоќа, Денвер Нагетс дојдоа до вториот пораз во низа, откако загубија со 116-107 од Голден Стејт Вориорс.
Натпреварот беше тесен сè до крајот на третата четвртина, кога претставниците на Калифорнија успеаја резултатски да се одлепат и да ја држат предноста до крајот.
Најзаслужен за триумфот на Вориорс беше неверојатниот Стеф Кари, кој запиша 53 поени, 7 скокови и 4 асистенции и стана најдобриот стрелец во историјата на својот тим.
Кај Денвер, најефикасен со дабл-дабл учинок беше Никола Јокиќ, кој уфрли 27 поени и 12 скокови.
На табелата на Западот, Денвер (34-20) остана на четвртото место, а Вориорс (26-28) се наоѓаат на десеттата позиција.
📸 Ezra Shaw/Getty Images