
Во дербито на Тексас во НБА лигата, Сан Антонио Спарс ги декласираа Хјустон Рокетс со убедливи 104-134.
Рокетс подобро го започнаа мечот, но со серијата од 12-0 во финишот на првата четвртина, Спарс презедоа сè во свои раце.
Деџонте Мареј (19 поени и 10 асистенции) беше единствен кошаркар со дабл-дабл, а од неговите соиграчи од победничкиот состав, уште 18 кошеви додаде Јакоб Пелтл.
Кај Хјустон, Кевин Портер Џуниор беше најпрецизен со 16 поени, а Кристијан Вуд запипа еден кош помалку (15).
Во Западната конференција, Рокетс (14-34) останаа на последното место, додека Спарс (18-30) избија на дванаесеттата позиција.




