
Долгоочекуваната серија од шест врзани триумфи на Минесота Тимбервулвс беше прекината синоќа од Орландо Меџик, кои славеа со 118-110.
Орландо губеше од самиот старт, па сè до финишот на третата четвртина, но откога стекна предност, остана во позитива до последниот звук на сирената.
Дабл-дабл од победничките редови запиша Вендел Картер (20 поени и 10 скокови), а поефикасен од него беше Мо Бамба со 27 кошеви.
На спротивната страна, најрасположен во офанзивата беше Ентони Едвардс (25 поени), а две двоцифрени статистики имаше Карл-Ентони Таунс (21 кош и 13 скокови).
На табелата на Западот, Минесота (38-30) го зазема седмото место, а Орландо (18-50) е последен на Истокот.




