
Вегас Голден Најтс се наоѓаат во резултатска мини-криза од три врзани порази, откако синоќа загубија со 5-2 од Питсбург Пенгуинс.
Пенгуинс влегоа во мечот со водство од 2-0, но до крајот на вториот дел, Џек Ајхел и Алекс Пјетранџело израмнија на 2-2 во корист на Вегас.
Сепак, во третиот период, домаќините уште трипати ја затресоа мрежата на Лорен Брусуа и дојдоа до конечен триумф.
Голгетери за Пенгуинс на овој меч беа Мајк Мејтсон, Џеф Картер, Марк Фридман, Брајан Раст и Еван Родригес.
Во Западната конференција, Вегас го држи седмото место, додека Питсбург е петти на Истокот.




