сабота, јуни 25, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Најсеверниот професионален клуб во Велика Британија: Елгин Сити ФК

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 17, 2021
📁 Спорт, Фудбал
📸 Robert W. Crombie

Областа Мореј, во северниот дел на Шкотска, односно во регионот Шкотски Гори, е местото во кое се наоѓа градот Елгин.

Елгин е административен и комерцијален центар на Мореј, а во своја сопственост брои околу 24 760 жители според проценките од 2016.

Сепак, во спортската јавност, ова населено место е познато како дом на најсеверниот професионален клуб од Велика Британија – Елгин Сити ФК.

Елгин Сити ФК е основан на 10 август 1893 од фузијата на две локални екипи – Елгин Роверс и Вејл оф Лоси.

Во минатото, истото име го носеле уште два клуба, формирани во 1879 и во 1884, кои имале краток животен век.

Од самото основање, Елгин бил дел од лигата на Шкотските Гори, односно на Хајленд Лиг, каде што останал сè до 2000 година.

За првпат, шампион на Хајленд Лиг, Елгин бил во 1932, а до 1990 освоил уште тринаесет други наслови.

Во сезоната 1992/93, ,,Црно-белите” стигнале до петнаесеттата титула, но истата им била врачена на Коув Ренџерс, откако во последното коло, за Елгин настапиле два играчи, коишто биле суспендирани.

📸 elgincity.net

Во 1968, Елгин, како член на Хајленд Лиг, се пласирал во четвртфиналето на Шкотскиот куп што сè уште претставува рекордно достигнување за клуб, кој дефилира во оваа лига.

Сепак, првиот трофеј во витрините на Елгин датира од 1898/99, кога го освоил Купот на северна Шкотска и станал првиот тим надвор од градот Инвернес што се закитил со оваа титула. Во финалето, како поразен состав заминал Клахнахадин, кој загубил со 2-1.

На втората регионална титула, навивачите на најсеверниот британски клуб чекале до 1924, а заклучно со 2014, Елгин го освоил Купот на северна Шкотска вкупно осумнаесет пати.

Претставниците на Мореј влегоа во професионалниот шкотски фудбал во 2000 година, кога шкотската Премиер лига беше зголемена од десет на дванаесет екипи.

Заедно со Петерхед, Елгин беше внесен во Дивизија 3, односно во актуелната Лиг 2 што е еднакво на четврта лига.

Веќе повеќе од две децении, најсеверниот британски клуб се натпреварува во четвртата шкотска лига, во која, досега учествуваше само во четири неуспешни плејоф обиди за промоција (2011/12, 2012/13, 2015/16 и 2020/21).

Уште од 20 август 1921, Елгин ги игра домашните натпревари на ,,Бороу Бригс”, кој има капацитет од 4520 гледачи.

Со промоцијата во професионалните рангови, стадионот добил 478 седишта, кои претходно биле имплементирани на ,,Ст. Џејмс Парк”, односно на стадионот на англискиот премиерлигаш – Њукасл Јунајтед.

📸 footballgroundmap.com
Tags: Елгин Сити ФКФудбалШкотска
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Омодт Килде триумфираше на супервелеслаломот во Вал Гардена

Следна вест

Металург без сили за нова победа! Струга славеше убедливо

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Карлтон влезе во битката за првото место со триумфот над Фриментл
Останато

(ВИДЕО) Карлтон влезе во битката за првото место со триумфот над Фриментл

✏️ Епов Насе
25/Јун/2022
(ВИДЕО) Астрос со победа над Јенкис во дербито на Американската лига
Останато

(ВИДЕО) Астрос со победа над Јенкис во дербито на Американската лига

✏️ Епов Насе
25/Јун/2022
(ВИДЕО) Тампа Беј ја спаси првата ,,меч-топка” на Колорадо
Останато

(ВИДЕО) Тампа Беј ја спаси првата ,,меч-топка” на Колорадо

✏️ Епов Насе
25/Јун/2022
ОФИЦИЈАЛНО: Вејн Руни замина од Дерби Каунти
Спорт

ОФИЦИЈАЛНО: Вејн Руни замина од Дерби Каунти

✏️ Епов Насе
24/Јун/2022
Следна вест

Металург без сили за нова победа! Струга славеше убедливо

Последно

(ВИДЕО) Карлтон влезе во битката за првото место со триумфот над Фриментл

(ВИДЕО) Астрос со победа над Јенкис во дербито на Американската лига

(ВИДЕО) Тампа Беј ја спаси првата ,,меч-топка” на Колорадо

ОФИЦИЈАЛНО: Вејн Руни замина од Дерби Каунти

Ротерам остана без најдобрите стрелци, но брзо пронајде замени

(ВИДЕО) Сензација на Вест Коуст за втор овосезонски триумф

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.