Во второто коло од грчката Супер лига, Олимпијакос ги испушти првите поени, откако ремизираше до 0-0 против Астерас Триполис.
Во текот на цел натпревар, Олимпијакос ја имаше иницијативата и поседот, особено во самата завршница.
Сепак, ниеден од вкупните шеснаесет шутеви не успеа да заврши зад грбот на Никос Пападопулос, кој мораше да интервенира само во еден наврат.
Во 63. минута, домаќините успеаја да ја затресат гостинската мрежа преку Херонимо Бараљес, но голот беше поништен со ВАР поради фаул.
Со поделбата на бодовите, Олимпијакос го зазема третото место, а Астерас се наоѓа на деветтата позиција.