Синоќа, Милвоки Бруерс ги совладаа Питсбург Пиратес со 7-5 и ја продолжија својата позитивна серија на три триумфи.
На мечот, домаќините поведоа со 3-0 во третиот ининг, но веќе во шестиот период, ,,Пиратите” водеа со 3-5.
Сепак, со по два поени во последните две деветтини, Бруерс израмнија, односно дојдоа до првиот меѓусебен триумф после петте порази.
За гостите, по еден поен постигнаа Кевин Њуман, Онил Круз (хоум-ран), Тукупита Маркано, Џејсон Дилеј и Родолфо Кастро (хоум-ран).
На спротивната страна, топката на трибините ја однесоа Герет Митчел и Кестон Хиура (+1), а по четири бази освоија Вили Адамес (х2), Рауди Тељез и Омар Нарваез.
Во Националната лига, Милвоки (68-59) се наоѓа на седмото место, а Питсбург (48-80) ја зазема четиринаесеттата позиција.