
Во текот на вчерашниот ден, два клуба од првите четири англиски лиги назначија нови тренери.
Имено, Стоук успеа да го ,,украде” Алекс Нил од Сандерленд и покрај новиот договор и зголемената плата, кои му беа понудени од таборот на ,,Црните мачки”.
Шкотланѓанецот, во тренерската кариера, ги водеше Хамилтон, Норвич и Престон, а во изминатата полусезона успеа да го врати Сандерленд во втората лига.
Освен Стоук, нов менаџер доведе и последниот тим во Лиг 2 – Рочдејл.
На кормилото на клубот од ,,Спотленд Стадиум” застана познатиот Џим Бентли, кој од 2019 до 2022 беше предводник на актуелниот шестолигаш Фајлд.
Од 2002 до 2011, Бентли одигра 298 средби за Моркемб, а веднаш потоа доби и тренерски ангажман во овој тим, кој траеше сè до 2019.
Освен ,,оштетениот” Сандерленд, од првите четири англиски лиги, без тренер е и Барнмут, кој му врачи отказ на Скот Паркер по дебаклот од Ливерпул од 9-0.




