Во неделната програма на НХЛ, по третпат во изминатите три дена, силите ги одмерија Чикаго Блекхокс и Тампа Беј Лајтнинг.
Синоќа, актуелните шампиони триумфираа со конечни 3-6, приредувајќи огромен пресврт.
Имено, Чикаго, после 23 минути игра, стекна навидум убедлива предност од 3-0, со головите на Филип Курашев, на Матијас Јанмарк и на Пиус Сутер.
Во продолжение, Тампа Беј шест пати ја затресе мрежата на Кевин Ланкинен до самиот крај.
Стрелци на головите за тимот од Флорида беа Ондреј Палат, Јани Гурд (х2), Виктор Хедман, Александер Килорн и Патрик Марун.
Со новите два поени, Лајтнинг останаа на врвот на Централната дивизија, додека Чикаго и покрај поразот го зазема четвртото место.
📸 Chase Agnello-Dean/NHLI via Getty Images



