Жоан Лапорта и официјално е избран за нов претседател на Барселона откако убедливо победи на изборите со повеќе од 57% од вкупните гласови во однос на противкандидатите Виктор Фонт и Тони Фреиша.
Со Лапорта почнува новата ера во каталонскиот гигант, кој ќе има тешка задача да го врати клубот на старите шампионски патеки. Главна задаќа на новиот претседател ќе му биде да го убеди Лионел Меси да остане во Барселона, како и решавање финансиската криза во клубот.



