
Динамо Минск влезе во резултатска криза со пет порази на последните пет натпревари.
Во рамките на денешната КХЛ програма, претставниците на Белорусија загубија од Витјаз Подолск со 1-2 после продолжение.
Во втората третина, Седрик Пакет им донесе водство на домаќините, но гостинскиот голман, Максим Дорожко (97,83%, 45/46 одбрани), беше несовладлив до крајот.
На неполни пет минути пред крајот, Александер Јаремчук израмни на 1-1, а после деветнаесет дополнителни секунди, Кирил Расказов погоди за триумф на гостите.
На табелата на Западната конференција, Витјаз го зазема шестото, а Динамо Минск – осмото место.
https://www.instagram.com/reel/ClRiia2j_PE/?igshid=YmMyMTA2M2Y=