
Иако првите два дена од СП 2022 изобилуваа со голови, третиот ден донесе две последователни ремија од 0-0.
Најпрво, Данска и Тунис одиграа без погодоци, а на ист начин, својот меч го завршија Полска и Мексико.
Во натпревар сиромашен со шанси, Полска ја имаше најдобрата прилика во второто полувреме.
Сепак, Роберт Левандовски не успеа да ја донесе во водство европската селекција бидејќи неговиот пенал беше одбранет од Гиљермо Очоа.
Во групата Ц, после првото коло, неочекувано на првото место, пред Полска и Мексико, се наоѓа Саудиска Арабија, која ја порази Аргентина со 2-1.