
Поради недостаток на снег во Гармиш-Партенкирхен, караванот на Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција, овој викенд се пресели во Кортина д’Ампецо (Италија).
На првата трка, односно на четвртиот овосезонски супервелеслалом, најбрз беше Швајцарецот Марко Одермат (1:25,57).
Имено, Одермат дојде до седмата овосезонска победа и дополнително го зголеми водството во генералниот пласман во однос на второпласираниот Александер Омодт Килде (+0,35), кој денес, исто така, беше втор.
За славје на домашната публика, по третпат во сезоната, а воедно и во кариерата, на победничкиот пиедестал се пласираше Матија Касе (+0,49).
Во продолжение, под една секунда доцнеа: Штефан Бабински (+0,63), Винсент Крихмајер (+0,76), Лукас Фојрштајн (+0,82), Џефри Рид (+0,89), Сиприен Саразан (+0,91), Марко Шварц (+0,95) и Матео Марсаља (+0,98).