Гида Вестволд Хансен со триумф го затвори натпреварувачкиот викенд во Зеефелд (Австрија) и дојде на чекор до одбрана на титулата.
За Норвежанката (14:58,6), ова беше седма победа на седумте овосезонски трки, која ја донесе на само педесет поени од вториот кристален глобус во низа.
На втората позиција, по третпат во 2022/23, заврши Аника Зиф (+35,9), која во фотофиниш ја натскија Натали Армбрустер (+36,0).
Во продолжение, сите останати натпреварувачки доцнеа над една минута, а во топ 5 се најдоа Лиза Хирнер (+1:10,4) и Ида Марие Хаген (+1:24,1).