Најефикасниот денешен натпревар го одиграа екипите на Далас Каубојс и на Кливленд Браунс. На оваа средба беа постигнати вкупно 87 поени, односно Кливленд го забележа третиот овосезонски триумф со резултат од 38-49.
Далас водеше само по завршетокот на првата четвртина со 14-7, а потоа почна серијата на Кливленд. Имено, Браунс, до крајот на третата четвртина, направија одлична низа од 34-0, за вкупни 14-41.
Каубојс три тачдауни со конверзии за два поени и намалија на 38-41, а само седумнаесет секунди подоцна, фудбалерите на Кливленд го поставија конечниот резултат.
Кај Каубојс, Дак Прескот блесна со освоени вкупни 514 јарди, 41/58 обиди за додавање, четири тачдауни и еден пресечен пас. Поразениот состав постигна и пет тачдауни, кои беа дело на СиДи Лемб (х2), на Амари Купер, на Езекиел Елиот и на Далтон Шултц.
Од друга страна, кај Браунс, Одел бекам Џуниор постигна хет-трик, двапати поентираше Карим Хант, а еднаш – Остин Хупер.
Џарвис Лендри и Одел Бекам Џуниор ја „режираа“ една од највпечатливите акции на мечот – трик-акција за тачдаун од 37 јарди.
Во соработка со НФЛ Македонија



