Мајами Хит успеаја да го намалат својот вкупен заостаток во финалната серија на 2-1, откако синоќа ги добија ЛА Лејкерс со 115-104.
Мајами водеше во поголемиот дел на мечот, но сепак неизвесноста траеше до завршните моменти.
Лејкерс потфрлија во првата четвртина со десет изгубени топки и тоа по четири на ЛеБрон Џејмс и на Ентони Дејвис.
Играчот што беше најзаслужен за оваа победа на Мајами беше дефинитивно Џими Батлер, кој со трипл-дабл учинок составен од 40 поени, 11 скокови и 13 асистенции ги ,,уништи” противниците.
Кај Лејкерс, Џејмс беше најефикасен со 25 поени и 10 скокови.



