Иако во претходниот викенд загубија од Детроит Лионс, Минесота Викингс се консолидираа и во четиринаесеттото коло ги поразија Питсбург Стилерс со 36-28.
Натпреварот започна со серија од 29-0 на Минесота, заклучно со средината на третата четвртина, но до крајот, Стилерс успеаја да изборат неизвесна завршница.
Од домашниот состав, ранинг бекот Далвин Кук беше најефикасен со два тачдауни и со вкупно 222 освоени јарди, а квотербекот Кирк Казинс уфрли 216 јарди од 14/31 прецизни обиди, два тачдауни и две пресечени додавања.
Освен Кук, во листата на поентерите за Викингс се запишаа шутерот Грег Џозеф, Џастин Џеферсон и Кеј Џеј Осборн.
Кај Стилерс, Бен Ротлисбергер имаше 308 јарди од 28/40 успешни додавања, а тачдауни постигнаа Наџи Херис (х2), Пет Фрајермут и Џејмс Вашингтон.
Во АФК, Питсбург (6-6-1) паднаа на дванаесеттото место, додека Викингс (6-7) се деветти во Националната конференција.
Во соработка со НФЛ Македонија