
За првпат после 20 јануари 2016, ЛА Кингс славеа на домашен терен против Далас Старс.
Имено, синоќа, претставниците на Калифорнија ги надиграа ривалите од Тексас со убедливи 4-0.
Кингс ја заслужија победата според играта на теренот, а првото водство го стекнаа преку Адријан Кемпе во првата минута од втората третина.
Останатите три погодоци беа дело на Артур Калијев, на Виктор Арвидсон и на Андреас Атанасиу, а истите беа постигнати во последните шест минути од мечот.
Голманот на Лос Анџелес, Џонатан Квик, дојде до вториот овосезонски шут-аут, одбранувајќи ги сите 27 противнички удари.
Во Западната конференција и покрај поразот, Далас остана на единаесеттото место, додека Кингс се дванаесетти со два бода заостаток во однос на денешниот ривал.



