
Третиот настан од новата сезона на Светската турнеја беше шеснаесеттото издание на еднодневната трка – Страде Бјанке.
Во превод, името значи ,,бели улици” и е добиено по неасфалтираната делница во Тоскана, покриена со бела песок, каде што се вози оваа трка.
После 4:47:49 часа, до победата дојде Словенецот Тадеј Погачар, кој стана првиот актуелен освојувач на Тур д Франс што славел и на Страде Бјанке.
Погачар доживеа пад во првата половина од натпреварувањето, но успеа да се врати во водечката група и да избие во бегство на педесет километри пред целта.
Темпото на Словенецот не успеаја да го испратат неговите ривали, па со второто место мораше да се задоволи Алехандро Валверде (+00:37).
На крајот, подиумот го комплетираше Каспер Асгреен (+00:46), а во првите пет завршија уште Атила Валтер (+01:07) и Пељо Билбао (+01:09)