
Третиот натпреварувачки ден во Контиолахти (Финска), од Светскиот куп во биатлон, беше резервиран за спринтовите во машка и во женска конкуренција.
Кај дамите, првите пет скијачки имаа по еден промашај, а најбрза од нив беше олимписката шампионка на 15 километри – Денизе Херман (20:08,6).
Актуелната првенка на Светскиот куп, Тирил Екоф (+5,0) го освои второто место, а досегашната крос-кантри натпреварувачка, Стина Нилсон (+5,2), дебитираше на пиедесталот во новата дисциплина.
Во првите пет се пласираа уште Хана Оберг (+6,8) и Ане Шевалие-Буше (+15,5).
Во машкиот дел, осмата победа во сезоната ја запиша лидерот во генералниот поредок – Квентин Фијо Маје (23:21,0).
На второто место, за првпат во кариерата, се најде Норвежанецот Филип Фјелд Андерсен (+18,3), а Јоханес Кин (+29,7) се закити со бронза.
Пиедесталот за една и пол секунда му ,,избега” на Сиверт Гуторм Бакен (+31,2), а петти беше Себастијан Самуелсон (+32,4).