
Аризона Кардиналс гостуваа кај Џексонвил Џагуарс во третото коло од новата НФЛ сезона, каде што славеа со 19-31.
Во последната секунда од првото полувреме, Кардиналс решија да се обидат да дојдат до најдалечниот филд-гол во историјата на НФЛ со шутот на Мет Прејтер од 68 јарди.
Сепак, наместо во нивна, историјата се сврте во корист на Џексонвил, кои преку Џамал Ању го постигнаа најдалечниот тачдаун од 109 јарди.
Сепак, Ању не е сам на врвот на оваа листа поради фактот дека го дели првото место со уште двајца други играчи – Антонио Кромарти и Кордарел Патерсон.
Овој меч изобилуваше и со многу други интересни моменти, а со тачдаун во листата на поентерите се запишаа гореспоменатиот Ању, Џејмс Робинсон и Ди Џеј Чарк, односно Џејмс Конер (х2), Бајрон Марфи и Кајлер Мареј.
Во соработка со НФЛ Македонија