
Првиот меч без голови на Светското фудбалско првенство во Катар го одиграа екипите на Данска и на Тунис.
Имено, двете селекции ремизираа со 0-0 на стадионот во Ал Рајан во рамките на првото коло од групата Д.
Иако мечот заврши со најнепопуларниот резултат, сепак беше исполнет со бројни прилики и на двете страни.
Во вечерниот термин од 20.00 часот, од истата група, силите ќе ги одмерат Франција и Австралија.