
Во првиот натпревар од новата НХЛ сезона, одигран на американско тло, Њујорк Ренџерс ги совладаа Тампа Беј Лајтнинг со 3-1.
Во втората третина, домаќините поведоа преку Мика Зибанеџад, а гостите израмнија со голот на капитенот Стивен Стамкос.
Во шестата минута од третиот дел, Зибанеџад постигна уште еден погодок за водство на домаќините, откако суспензија од две минути доби Владислав Наместников.
Накрај, судбината на Тампа ја запечати нивниот поранешен играч, Брејден Гудроу, кој го постави конечниот резултат.