
Минатата сезона, МК Донс завршија како третопласирани во Лиг 1 и испуштија промоција само за еден поен.
Во плејофот ги снајде слична судбина, кога во полуфиналето беа поразени од Викомб Вондерерс со вкупни 2-1.
Сепак, во тековната сезона, Донс доживеаја потполно фијаско и после дванаесет одиграни натпревари имаат три победи, едно реми и осум порази.
Со десет освоени поени, клубот од Милтон Кинс го зазема двасет и второто место на табелата и се наоѓа во ,,црвената” зона.
Синоќа, во заостанатиот меч од осмото коло, Донс загубија од Бристол Роверс со минимални 0-1, иако беа целосно надиграни.
Човекот на одлуката на натпреварот беше Ентони Еванс, кој успешно реализираше од белата точка на четиринаесет минути пред крајот.
Со новите три бода, Бристол Роверс скокнаа на петнаесеттото место на табелата.