
Њујорк Јенкис го започнаа четвртфиналето на МЛБ со триумф од 4-1 над Кливленд Гардијанс.
На мечот, Гардијанс дојдоа до водство во третиот ининг, кога Стивен Кван постигна хоум-ран.
Сепак, во продолжение, домаќините дадоа четири поени преку хоум-ранитр на Харисон Бејдер и на Ентони Рицо, односно преку трчањата на Ајзеа Кинер-Фалефа и на Арон Џаџ.
Одличен во триумфот на Јенкис беше и стартниот фрлач Герит Кол, кој допушти само еден поен, но освои осум страјк-аути.




