Откако пред осум дена ги совладаа со 9-0, синоќа Њујорк Ренџерс им приредија уште еден ,,ладен туш” на Филаделфија Флаерс, победувајќи со 3-8.
Веќе после 22 минути игра, ,,Ренџерите” водеа со 0-6, а главен протагонист во играта беше Мика Зибанеџад, кој постигна непрекинат хет-трик.
Освен него, стрелци за Ренџерс беа Рајан Сторм, Павел Бучневич и К’Андре Милер.
Вклучувајќи ја и последната меѓусебна средба, Ренџерс имаа серија од 15 дадени и 0 примени погодоци против Флаерс.
Сепак, оваа низа ја прекинаа Клод Жиру и Кевин Хејс, кои до крајот на вториот период намалија на 2-6.
После 33 секунди игра во третата третина со играч помалку, Бучневич, со својот втор гол на мечот, зголеми на 2-7, а неполна минута подоцна, Шон Кутурие погоди за 3-7.
Веднаш по нив, на две минути до крајот, конечниот резултат го постави Филип Хитил.
Со четирите врзани порази, Флаерс паднаа на шестото место во Источната дивизија, односно им дозволија на Ренџерс да ја заземат нивната четврта позиција.
📸 Mitchell Leff/Getty Images