
Њујорк Ренџерс дојдоа до седмата последователна победа, совладувајќи ги Чикаго Блекхокс со 1-7.
За Блекхокс, ова беше седми пораз во низа и вкупно петнесетти на последните шеснаесет натпревари.
На мечот, ,,Ренџерите” упатија 26 шутеви со реализација од 26,92%, а нивниот голман, Игор Шестјоркин, одбрани 29/30 удари на домаќините.
Единствениот хокеар што успеа да го совлада рускиот чувар на мрежата беше Филип Курашев на стартот на втората третина за тогашни 1-3.
Од друга страна, за клубот од ,,Големото јаболко” стрелаа Филип Хитил, Артеми Панарин, Каапо Како, Џејкоб Труба, Винсент Трочек, Витали Кравцов и Џони Бродзински.
Во Источната конференција, Ренџерс скокнаа на шестото место, додека Чикаго е последен на Западот.