Синоќа, Њујорк Никс и Портланд Трејл Блејзерс се соочија по вторпат во новата НБА сезона. На првиот меч, Портланд славеше со 116-113, а на вториот, Никс го возвратија ударот, триумфирајќи со 110-99.
Речиси низ цело прво полувреме, играта беше изедначена, а Никс ја презедоа иницијативата во третата и во четвртата четвртина за накрај да стигнат до втората врзана победа.
Од редовите на победничкиот состав, најефикасни со по 22 поени беа Елфрид Пејтон и Џулиус Рендл.
Од друга страна, најпрецизен кај Трејл Блејзерс беше Демиен Лилард (29 поени), а дабл-дабл забележаа Роберт Ковингтон (13 поени и 10 скокови) и Енес Кантер (13 поени и 11 скокови).
Со новата победа, Њујорк Никс (11-13) се шести на Истокот, додека Портланд (12-10) ја зазема осмата позиција на Западот.
📸 Sam Forencich/NBAE via Getty Images



