Пред два дена, Отава Сенаторс изненадувачки славеа со 2-3 над Монтреал Канадиенс и ја прекинаа низата од девет порази.
Сепак, денес, Канадиенс го возвратија ударот и триумфираа на гостински терен со 1-2.
Во првата третина паднаа два ,,пауер-плеј” голови, односно по еден и на двете страни. За Монтреал погоди Џеф Петри во седмата минута, а шест минути подоцна, израмнување на Сенаторс им донесе Колин Вајт.
Во третиот период, победата на Канадиенс им ја донесе Џош Андерсон со својот осми овосезонски погодок.
Освен стрелците, голема заслуга за триумфот имаше и голманот Џејк Ален, кој одбрани 34 од 35 удари кон својот гол (97,14%).
Со новата победа, Монтреал, барем за момент, го презеде водството во Северната дивизија од Торонто Мејпл Лифс, додека Отава останува на последното место.
📸 Twitter: Canadiens Montréal



