
Во деветтото коло од НФЛ, Њујорк Џетс ги изненадија Бафало Билс, поразувајќи ги со 20-17.
За Џетс, ова беше прв меѓусебен триумф на домашен терен после 2017, кој дојде со пресвртот во второто полувреме.
Кај Билс, двата тачдауни ги постигна квотербекот Џош Ален со трчање, кој исто така освои 205 јарди од 18/34 прецизни додавања, но имаше и два пресечени пасови.
Неговиот колега на спротивната страна, Зек Вилсон, уфрли еден тачдаун кон Џејмс Робинсон и префрли 154 јарди од 18/25 обиди.
Од неговите соиграчи, топката во противничката енд-зона ја внесе уште Мајкл Картер, а пресуден за триумфот беше филд-голот на Грег Зурлајн на минута и пол пред крајот.
Во Американската конференција, Билс (6-2) останаа на првото место и покрај поразот, а Џетс (6-3) скокнаа на третата позиција.