
Детроит Ред Вингс дојдоа до втората победа над Њујорк Ренџерс во последните две години, откако синоќа славеа со 2-3 после продолжение.
Во првата третина, ,,Ренџерите” дојдоа до водство од 2-0 со головите на Каапо Како и на Мика Зибанеџад.
Сепак, во вториот период, Мет Лаф и Пиус Сутер израмнија на 2-2, а во дополнителниот период, победа за гостите донесе Доминик Кубалик.
Во Источната конференција, Детроит скокна на четвртото место, спуштајќи ги Њујорк Ренџерс на осмата позиција.