
По трите врзани победи, Јута Џез го запишаа првиот пораз, откако синоќа беа декласирани од Њу Орлеанс Пеликанс со 124-90.
Пеликанс ја добија првата четвртина со 35-17, а до крајот, во два наврати водеа со максимални +37.
Единствен со дабл-дабл кај Јута беше Руди Гобер (10 поени и 11 скокови), а Донован Митчел додаде уште 14 поени.
На спротивната страна, најефикасни со 29, односно со 24 кошеви беа Брендон Инграм и Си Џеј МекКолум.
На Западот, Јута (39-23) го држи четвртото место, додека Њу Орлеанс (27-36) скокна на десеттата позиција.