
Најџел Клаф, синот на легендарниот тренер Брајан Клаф, го предводеше тимот на Мансфилд до десеттиот натпревар во низа без пораз.
Имено, во првиот меч од 35. коло на англиската Лиг 2, Мансфилд го порази Ексетер со 2-1 во дербито на колото.
Со новите три поени, денешните победници скокнаа на третото место, истовремено потиснувајќи ги своите ривали на петтата позиција.
Водство на домашниот клуб му донесе Фаренд Роусон (34′) со првиот гол во сино-жолтиот дрес, а за 2-0 стрелаше Метју Лонгстаф (67′).
Лонгстаф, минатата сезона настапуваше за Њукасл во Премиер лигата, а денес дебитираше пред домашната публика на ,,Уан Кол Стадиум”.
До крајот, Ексетер успеа само да постигне почесен погодок преку најдобриот клупски стрелец сезонава – Мет Џеј (90+5′).