Денес беше одиграна увертирата на новата НРЛ сезона. Гледајќи низ историјата на рагби лиг во Австралија, ова е вкупно 113. натпреварувачка сезона односно 23. под раководство на НРЛ.
Во првиот натпревар се соочија екипите на Парамата Илс и Кантербери Булдогс. Парамата е еден од главните фаворити за освојување на овогодинешниот шампионат, а денес ја оправда фаворитската улога со минималната победа од 8-2.
Најпрво, Кантербери поведе со 0-2 преку шутот од пенал на Вејкхам, а до крајот на полувремето, Мозес израмни на 2-2. Во второто полувреме, после грешка во дефанзивата на Булдогс, Илс дојдоа до пресврт преку есејот на Махоуни. Веднаш по поентирањето, Мозес успеа и успешно да конвертира за поставување на конечниот резултат.
Останатите натпревари од првото коло ќе бидат одиграни за време на претстојниот викенд, а ќе се соочат:
Канбера Рејдерс – Голд Коуст Титанс (петок во 08:00)
НК Каубоис – Бризбејн Бронкос (петок во 10:05)
Њукасл Најтс – Нов Зеланд Вориорс (сабота во 05:00)
Саут Сиднеј Рабитохс – Кронула Шаркс (сабота во 07:30)
Пенрит Пантерс – Сиднеј Рустерс (сабота во 09:35)
Менли Си Иглс – Мелбурн Сторм (недела во 06:05)
Ст. Џорџ Илавара – Вестс Тигерс (недела во 08:15)



